Од 24 до 27 октомври вински фестивал на „Плоштад Македонија“

Град Скопје најавува нов концепт и нови содржини, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

262

Врвни црвени, бели или розе вина, закуски и богата музичка програма ќе понуди годинашниот  Фестивал што ќе се одржи од 24 до 27 октомври на „Плоштад Македонија“.

-На годинашниов „ Skopje Wine Expo“, љубителите на вино ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат за се што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетните вина и вкусните специјалитети како прилог со виното, велат од Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...