Од 1 мај почнува пријавувањето за лекторски испит по македонски јазик

Заинтересираните кандидати треба најдоцна до 10 мај да ги достават барањето за полагање на испит и потребните документи преку архивата на Министерството за култура.

364

Од 1 мај почнува пријавувањето за полагање на испит за добивање на лекторска лиценца по македонски јазик.

Пријавувањето ќе трае до 10 мај, а полагањето на испитот ќе се одвива на крајот на мај за што, како што информираат од Министерството за култура, јавноста дополнително ќе биде известена.

Заинтересираните кандидати треба најдоцна до 10 мај да ги достават барањето за полагање на испит и потребните документи преку архивата на Министерството за култура.

Барањето може да се преземе на линкот http://kultura.gov.mk/images/stories/2015/Pravilnik_2.pdf, а деталите за пријавувањето и полагањето може да се пронајдат на следната врска на страницата на Министерството за култура: http://kultura.gov.mk/index.php/legislativa/2011-03-04-10-39-27/3734-podzakonski-akti-koi-proizleguvaat-od-zakonot-za-upotrebata-na-makedonskiot-jazik.

„Министерството за култура и Советот за македонски јазик во изминатите неколку месеци спроведоа повеќе акции, со кои започна практичното спроведување на измените на Законот за употреба на македонскиот јазик што беа усвоени во Собранието на РМ на крајот на 2017-та година а стапија во сила на почетокот на оваа година. Со измените и дополнувањата на Законот, по четири години застој, се разреши проблемот и се откочи постапката за полагање на лекторскиот испит што беше оневозможена со досегашната регулатива за начинот на полагање донесена во 2013 година, а лекторска лиценца оттогаш нема добиено ниту еден лектор“, велат од Министерството за култура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...