Од утре на сила американските царини за ЕУ, Мексико и Канада

174

Царините што САД најавија дека ќе ги воведат за увоз на алуминиум и челик од утре стапуваат на сила за Европската Унија, Канада и Мексико, соопшти американскиот секретар за трговија Вилбур Рос.

Претседателот Трамп претходно им даде привремена дозвола да ги избегнат царините на ЕУ, Канада и Мексико, но оваа дозвола истекува и нема да биде обновена. Во иднина, извозот на челик од овие три страни кон САД ќе се царини со 25 проценти, а извозот на алуминиум со 10 проценти.

Австралија, Аргентина и Бразил, пак, се согласиле да го ограничат количеството на метали што ги извезуваат во САД, поради што ќе можат и во иднина да извезуваат без да платат царини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...