Американските санкции против Русија, поради користењето на нервен агенс во нападот на поранешниот руски агент и неговата ќерка во Британија, ќе стапат на сила од понеделник, се наведува во официјалното известување објавено во Службениот гласник на американската влада.
Плановите на Стејт департментот за прекин на странската помош, продажбата на оружје и финансирањето на Русија, како и забраната на извоз на безбедносно „чувствителни“ производи и технологија, ќе бидат официјално објавени на 27 август, се наведува во соопштението, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 8 август ги објави плановите за воведување на санкции против Русија.