Откако ги оставил цигарите, популарниот фолк пејач Халид Бешлиќ мака мачел со вишокот килограми кои постојано се зголемувале. И додека некои негови колешки од естрадата, тој вишок килограми привремено го решавале со помош на липосукција, Бешлиќ се одлучил за природен начин на слабеење, односно за липосукциска исхрана.
Во првата фаза на липосукциската исхрана, Халид Бешлиќ симнал десет килограми, но имал за цел да ослабне уште десет. Затоа, продолжил понатаму.
– Не беше толку тешко. Ја променив исхраната и пиев шејкови на база на сурутка – вели пејачот.
Освен што ги стопил килограмите кои му пречеле, станал и значително порасположен.
– Се ослободив од многу проблеми. На пример, најлошо ми беше што не можев подолго да пешачам. Половина километар, километар, и понатаму не можев. А, сега можам. Едноставно, кога слабеете видливо, добивате поголема волја да се вратите на својот стар конфекциски број. Во првите четири дена, загубив четири килограми, тоа беше вишок вода собрана во организмот, а потоа, продолжив да слабеам. Мојата сопруга, Сејда, тие денови не мораше ништо да готви, беше на одмор – се насмевнува пејачот.
Во последните неколку години Халид Бешлиќ се борел со вишокот килограми, а благодарение на липосукциската диета, за првпат успеал да ослабне без да врати од загубените килограми. Сега, како што вели, се чувствува многу подобро, за разлика од тогаш кога имал 115 килограми.
Липосукциската исхрана, според препораката на основачот – нутриционистот Кенан Мандра, кој се школувал во Италија, ја испробале бројни познати личности од регионот, а Бешлиќ е еден од ретките кои за тоа во јавноста отворено зборува. Поради своето здравје, но и за поубав изглед, се одрекнал од старите навики и многу сериозно го прифатил режимот кој му го препишале од „International Health“. Со видливата загуба на килограмите, пак, станал инспирација на многу свои познаници и фанови од регионот.
Инаку, откако ги откажал цигарите, популарниот фолк пејач наталожил дури 25 килограми вишок. Во следниот подолг период, пробувал различни диети, но сите биле неуспешни.
– Ми се случуваше да симнам два килограма и пак да се вратам на истата тежина. Сакав да испијам и по некое пиво. А, тоа не оди заедно. Морав од нешто да се откажам. Ова со липосукциската исхрана испадна многу добро! – завршува тој.
Советувалишта и центри за липосукција има и во Скопје, Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3231223, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.
(промотивен текст)