Од полициски магацин во Парагвај украдени 42 пушки и заменети со играчки

162

Непознати сторители украле 42 автоматски пушки од полициски магацин во Парагвај и ги замениле со дрвени и пластични реплики.

Инспекцијата била спроведена дури по една година откако пушките ФН ФАЛ почнале да се појавуваат на црниот пазар, каде некои достигнале и цена од 10.000  долари.

Се претпоставува дека дел од пушките завршиле во Аргентина, а дека дел биле прошверцувани во Бразил.

Парагвајските медиуми објавија фотографии од репликите на пушките и ова го нарекоа најсрамниот скандал во историјата на полицијата на оваа земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...