Над 14,5 милијарди денари од почетокот на годината заклучно со јули државата врати кај фирмите врз основа на поврат на ДДВ.
Заменик-министерката за финансии Ширет Елези изјави дека во стопанството се вратени 1,8 милијарда денари повеќе во однос на претходната година.
– Во текот на овој период до фирмите имаме повратено над 14,5 милијарди денари, што во споредба со претходната година е 1,8 милијарда денари повеќе или 30 милиони евра имаме повеќе вратено кај бизнис-секторот во однос на претходната година – рече Елези.
Според неа, тоа е уште еден аргумент дека имаме зголемување на даночните приходи, дека ликвидноста на буџетот е во најдобар ред и со тоа навремено се сервисираат сите обврски од Буџетот на расходната страна и кон бизнис-секторот.
Лани се вратени 12,5 милијарди денари.