Од палење контејнери до палење возила, трет ден судири меѓу полицијата и демонстрантите во Барселона

Демонстрантите претходно синоќа фрлаа ролни тоалетна хартија, затоа што, како што рекоа организаторите, „има многу работи што треба да се исчистат“.

83
ФОТО: EPA / ANDREU DALMAU

Во Барселона синоќа дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, на третиот ден од протестите против пресудите за лидерите на каталонските сепаратисти.

Полициските единици за сузбивање нереди истрелале пенест гас, додека демонстрантите палеле контејнери и автомобили во близина на одделот за внатрешни работи на регионалната Влада во главниот град на Каталонија.

Пожарот блокираше најмалку четири улици.

Демонстрантите претходно синоќа фрлаа ролни тоалетна хартија, затоа што, како што рекоа организаторите, „има многу работи што треба да се исчистат“.

Демонстранти од повеќе градови во Каталонија вчера почнаа протестен марш со цел до утре да стигнат до Барселона.

Протестите почнаа во понеделникот, откако Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешното прогласување независност на Каталонија во 2017 година.

Тројца други обвинети беа прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни.

Поранешниот премиер на Каталонија, Ориол Џункуерас е осуден на 13 години затвор поради бунт и злоупотреба на јавните фондови за одржување референдум за независност на Каталонија.

ФОТО: EPA / ANDREU DALMAU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...