Од однесувањето на Трамп зависи дали Ким ќе сака да го види

151

Одржувањето на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун зависи од однесувањето на САД, изјави денеска заменик-министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи.

– Доколку САД ја игнорираат добрата волја на Северна Кореја и продолжат да спроведуваат незаконски и срамни постапки, ќе му предложам на највисокото раководство на земјата да ја прертазгледа одлуката за одржување на средба меѓу лидерите на Северна Кореја и САД – изјави Чое.

Според неа, како што јави ДПА, само од одлуките и постапките на САД зависи дали „ќе се сретнат со Северна Кореја на преговарачка маса или во решавачки нуклеаран судир“.

Чое упати критики и кон американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој во телевизиско интервју во понеделникот ја поистовети Северна Кореја со Либија.

Пенс изјави дека Северна Кореја би можела да ја доживее сидбината на Либија, ако Ким Џонг-ун не се откаже од нуклеарното оружје. Пенс исто така му порача на севернокорејскиот лидер „да не си игра“ со Трамп.

Чое оцени дека ваквите изјави на Пенс се „глупави и бесрамни“, додавајќи дека не може да верува оти „такви зборови излегле од устата на американски потпретседател“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...