Од Конгресот побарано уште 4,5 милијарди долари за мигрантите

53
ФОТО: МИА

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот дополнителни 4,5 милијарди долари поради ситуацијата на границата со Мексико, каде недостасуваат финансии за нега и сместување на мигрантите од Централна Америка, чиј прилив е зголемен.

Бројот на семејствата кои пристигнуваат на границата е поголем од бројот на поединците, а потребите на семејствата се значително поголеми од потребите на поединците.

Се очекува оваа година на границата меѓу САД и Мексико да пристигнат околу еден милион мигранти, што е најголем број од 2000 година. Граничните станици не се конструирани да им обезбедат сместување на толку голем број луѓе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...