Од катастрофалната експлозија на нафтовод во Мексико избројани 76 жртви кои изгореле

143
Photo: EPA / Jorge Dan Lopez

Бројот на загинати од експлозијата на нафтовод во Мексико се зголеми на 76 лица, додека неколку десетици повредени со потешки или полесни изгореници се наоѓаат во болниците, пишува мексиканскиот весник „Ел Универсал“.

Претходно беше соопштено за 66 загинати.

– Моментно продолжува процедурата за идентификација на жртвите – изјави Омар Фајад, гувернер на државата Идалго.

Според првичните информации, причина за експлозијата на нафтоводот Туспан-Тула, која се случи во саботата наутро, е незаконско сечење на цевката. Најголем број од загинатите и повредените се локални жители кои во моментот на експлозијата се наоѓале покрај нафтоводот и се обидувале со кофи да го соберат горивото.

Новата мексиканска Влада од почетокот на годината започна активна борба против кражбите на бензин. Властите неодамна лоцираа неколку пробивања на цевководи и го запреа испумпувањето и кражбите на бензин.

Покрај тоа, сите рафинерии во земјата сега се под заштита на војската.

Photo: EPA / Jorge Dan Lopez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...