Италијанската банка „Уникредит“ соопшти дека од нејзините сервери протекле лични податоци за три милиона нејзини клиенти, јави БГНЕС.
Станува збор за неодобрен пристап до фајл што бил креиран во 2015 година и соддржел информации за имиња, градови, адреси, телефони и електронска пошта за клиентите.
Банката не кажува кога точно дошло до протекување на информациите.
„Уникредит“ подвлекува дека заради протекувањето „не биле компромитирани други лични податоци“, а освен тоа хакерите не добиле пристап до сметките на клиентите и можноста да спроведат нелегални операции.
Банката почнала внатрешна истрага и за тоа што се случило ги информирала сите компетентни органи, вклучувајќи ја и полицијата, се наведува во соопштението на оваа финансиска институција.