Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска доаѓа во официјална посета на Србија. Со него доаѓаат и 30 најблиски членови на обезбедувањето, а ќе го чуваат и повеќе од 5.000 српски полицајци.
Специјалците од руската Федерална служба за безбедност (ФСО) дејствуваат во најстрога тајност, пренесува „pink.rs“. Тие често се нарекувани духови, а медиумите објавуваат и разни приказни за нив, вклучувајќи и такви дека во своите редови имаат двајца двојници на Путин. Интересно е и тоа што за овие луѓе никогаш не се знае со што се занимаваат, можат да бидат и трговци, продавачи на зеленчук.
Според медиумот, ниту семејствата на луѓето кои се грижат за Путин не знаат што тие работат.
Некои од нив одат први во земјата која треба да ја посети Путин, за да го испитаат теренот.
Путин ќе го придружуваат и 500 припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија во цивилки, како и 250 агенти БИА. Ќе има и снајперисти за да внимаваат на некоја опасност.
Членовите на обезбедувањето на Путин мора да бидат барем 20 сантиметри повисоки од претседателот на Русија, но и да не бидат воочливи.
На чело на Федералната служба за безбедност на Путин веќе 16 години стои генералот Виктор Золотов, човек кој Русите ретко би го препознале на улица, иако на поголем дел од важните настани се појавува покрај претседателот.
ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN