Од денеска ослободени од царина се малите пратки до 90 евра. Со донесени измени на Уредбата, се зголемува прагот на ослободување од досегашните 45 евра. Зголемувањето на прагот е по препораките на Европската комисија, како и поради зголемување на обемот на е-трговија во земјава.
Ова е резултат на анализата за царинење на малите пратки, која ја спроведе Министерството за финансии.