Од белграѓанка отстранет тумор тежок 18 килограми

Во конкретниот случај, туморот во стомакот, со пречник од 50 сантиметри и маса од околу 18 килограми, е успешно локализиран.

311

Комплексен хируршки зафат за отстранување липосарком – редок вид тумор од поголеми димензии, е успешно изведен во Военомедицинската академија во Белград благодарение на мултидисциплинарниот пристап на лекување, јави Танјуг.

Состојбата на 51-годишната пациентка е стабилна и таа е пуштена на натамошно домашно лекување, соопштија од болницата. Оваа малигна појава е ретка и проследена со неколку симптоми. Во конкретниот случај, туморот во стомакот, со пречник од 50 сантиметри и маса од околу 18 килограми, е успешно локализиран.

Иако за липосаркомот операцијата се смета за најефикасен метод на лекување, сепак, тоа важи и за ризичен зафат, посебно кога туморот е од големи размери. Тоа додатно го зголемува ризикот по крвните садови и абдоминалните органи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...