Од аеродромот Скопје од денеска ќе се лета до Баден и Бремен

Согласно со новиот договор за добивање финансиска поддршка, „Визер“ од денеска од аеродромот во Скопје ќе оперира до и од Баден Баден, од утре до Бремен, додека од јули воведува летови од Турку и од Ларника.

135

На Скопскиот аеродром денеска ќе биде одбележано почнувањето на новите летови од и до германските градови Баден-Баден и Бремен на кои линии ќе лета нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

На свеченоста се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во државава.

Согласно со новиот договор за добивање финансиска поддршка, „Визер“ од денеска од аеродромот во Скопје ќе оперира до и од Баден Баден, од утре до Бремен, додека од јули воведува летови од Турку и од Ларника.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“, пак, попладне треба да слетат првите патници од Милано, една од четирите нови линии на „Виз ер“ според договорот. Авиокомпанијата со нова линија вчера ги поврза Охрид и Малме, а во јули треба да воведе летови и од Мемингем и Дортмунд.

Во првите два месеца од годинава преку двата аеродрома се превезени 305.246 патници, што претставува седум процентен годишен пораст. Преку Меѓународниот аеродром Скопје лани се превезени 2.158.258 патници, а 184.283 преку аеродромот „Св. Апостол Павле“, односно раст од 16 проценти на годишно ниво на двата аеродрома. Бројот на летови од аеродромите во Скопје и во Охрид минатата година изнесувал 19.750, односно за девет проценти повеќе во однос на претходната година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...