Одржана првата седница на претседателството на БиХ, без знамето на РС

258
ФОТО: Твитер

Првата седница на членовите на Претседателството на БиХ се одржа денеска во седиштето на државното раководство во Сараево, само со знамето и грбот на БиХ. Претседавачот Милорад Додик оцени дека седницата била одржана на „коректен начин“.

Додик, кој претходно инсистираше на тоа дека знамето на Република Српска треба да биде ставено во салата каде се одржуваат седниците, денеска ги повика новинарите да дојдат во неговата канцеларија по состанокот, каде освен државното е поставено и ентитетското знаме на Република Српска.

Поради конфликтот околу знамето, вчера беа откажани планираните консултации со претставниците на политичките партии за доделување на мандатот за составот на министрите на БиХ.

Додик пред новинарите рече дека се согласил на компромис, бидејќи „сфатил дека некои прашања треба да се решат”, но најави дека ќе го покрене прашањето за измена на законот за знаме на БиХ во државниот Парламент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...