Одреден притвор за заменикот на Гуаидо

134
ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES

Врховниот суд на Венецуела денеска му одреди мерка притвор на потпретседателот на венецуелското Национално собрание, Едгар Замбрано и нареди да биде притворен во воениот затвор во Каракас.

Судот реши Замбрано да остане во притвор до почетокот на судскиот процес против него под обвинение за „државна измама, заговор и граѓанско востание“.

Властите во Каракас го уапсија Замбрано обвинувајќи го дека е еден од организаторите на „неуспешниот обид за преврат“, предводен од претседателот на Собранието, Хуан Гуаидо, кој во јануари годинава се прогласи за привремен претседател на Венецуела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...