Владата на денешната седница го прифати предлог-измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2018-та година.
Со овие измени, по 2 денари субвенција за килограм, ќе добијат регистрираните откупувачи и трговците кои до 15 септември годинава ќе откупат индустриски сливи за најмалку пет денари или свежи сливи по минимум осум денари.