Односите меѓу СДСМ и ДУИ се во ужасна состојба

3367

После серијата изјави, меѓу која и завршната на Тито Петковски, околу одлагање на распуштање на Собранието и негово условување со Законот за ЈО, дефинитивно на владејачката коалиција и се бега од избори.

Јасно е како ден дека и кога се договорија, знаеја за Законот за ЈО и можеа да го постават како услов.Но, тогаш појаки беа на вилици, во генерално погрешната идеја и стратегија да се оди на предвремени.

Ваквите настани и изјавите на Џафери, пак, ни откриваат уште една позадина. Дека односите меѓу ДУИ и СДСМ се во ужасна состојба и дека ДУИ смета, односно знае, дека може да извлече подобар резултат за себе, отколку СДСМ за целата коалиција.

Конечно, треба да се земе уште една индиција предвид. ДУИ отворено им опонира на позициите на Заев, што кажува дека неговиот кредибилитет како иден мандатар е опасно еродиран, речиси изгубен, и може да се случи воопшто да не биде иден мандатар – се разбира, ако воопшто направи подобар резултат, а во случајов реалноста не личи таква.

И покрај историски најголемиот предизборен поткуп, при историски најголем и најнеодржлив буџет.Па на ВМРО им направивме Отпор за помал буџет и помало изживување со народните пари.

 

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...