На две седмици по катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика, бројот на жртвите се зголеми на 91 лице, откако утрово, 95-годишна жена им подлегна на повредите во болница во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Според последното соопштение од грчката противпожарна служба од пред 3 дена, во Дирекцијата за криминални истраги на грчката полиција биле идентификувани 81 лице и постојат 2 неидентификувани тела со достапна ДНК, но кои никој до сега не ги побарал.
Во грчките болници во изминатите речиси 2 седмици по катастрофалниот пожар, на повредите им подлегнаа осум лица.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во атинските болници се лекуваат 36 повредени лица, од кои 6 се во сериозна состојба, додека пак хоспитализирано е и едно дете, но е вон животна опасност.