Одлука за одобрување средства од Буџетот за 2019 година за купување на делот на ГА-МА АД Скопје, која ќе биде увозник на гас во земјава, донесе Владата денеска на продолжението на 171 редовна седница.
– Со оваа одлука средствата од Буџетот за 2019 година, во висина од 1.930.000.000 денари ќе бидат уплатени на буџетот на посебна наменска сметка на Национални енергетски ресурси АД (НЕР АД), за да се искористат исклучиво за намената, односно за докапитализација на сопственоста на ГА-МА АД, како компанија, која согласно регулативата на ЕУ ќе биде увозник на гас во нашата земја, соопшти владината прес-служба.