Според Конвенцијата за правата на детето, детето има право да расте со двајцата родители, а нивна обврска е да се грижат за неговите права и неговиот најдобар интерес.
Во пракса, водечките принципи на Конвенцијата за правата на детето, како што е најдобриот интерес, правото на учество, давање на мислење и недискриминација, повеќе се декларативни отколку суштински водечки принципи од кои се раководат надлежните органи и институции кои треба да се грижат за детето, неговите права и интереси.
Во најголемиот број случаи еден/или двајцата родители изразуваат незадоволство од работата на Меѓуопштинските центри за социјална работа, односно нивните одлуки за уредување на начинот и динамиката на остварување на правото на лични односи и непосредни контакти на детето со родителот со кого не живее.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.