Кинотеката на Република Северна Македонија соопшти дека сите јавни активности и проекции ги одложуват за 14 дена, почнувајќи од денеска до 24 март 2020 годинава.
Оваа одлука, како што информира Кинотеката, е согласно препораките од Министерството за здравство од состанокот на Kомисијата за заразни болести одржан денеска.
За сите нови информации, дополнително ќе бидете известени. Како и сите граѓани, така и Кинотеката одговорно ќе ги спроведува сите препорачани мерки на претпазливост, се вели во соопштението