Одложена посетата на инспекторите на ОЗХО на Дума

Инспектори на Организацијата за забрана на хемиско оружје одложија посета на сирискиот град Дума откако тим на ОН јави дека на таа локација има престрелки.

54

Инспектори на Организацијата за забрана на хемиско оружје одложија посета на сирискиот град Дума откако тим на ОН јави дека на таа локација има престрелки, изјави извор близок до тимот.

Иако деталите за престрелката се нејасни, посетата на инспекторите е одложена.

Претходно, беше најавено дека експерти од ОЗХО ќе пристигнат во Дума за да извршат анализи по наводниот напад со хемиско оружје што се случи во тој сириски град во почетокот на април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...