Одвикнете го бебето од пелени – без пелени

Некои бебиња се одвикнуваат од пелени после вториот роденден и затоа ако забележите дека вашето дете е подготвено и доволно зрело, задолжително испробајте го овој начин за одвикнување кој се практикува во многу краишта од светот.

305

Во Америка најчесто децата се одвикнуваат од пелени до третата година додека во некои делови од Азија, Јужна Америка и некои делови од источна Европа родителите почнуваат да ги одвикнуваат децата од пелени набрзо по раѓањето. Една студија објавена во Виетнам која ги следела младите мајки и бебињата покажала дека сите бебиња од студијата до деветиот месец од животот се одвикнале од пелени, а до втората година во целост знаеле како се користи нокшир, благодарение на посебна техника на одвикнување од пелени без пелени.

Оваа техника се базира на идејата дека бебињата природно сигнализираат кога им се оди во тоалет, односно, кога еднаш ќе ги сфатите сигналите што ги дава детето пред да му се мочка, веднаш ставете го на нокшир и направете звук како свирење на кој детето со време ќе одговара со мочкање.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...