Огромно филмско платно на отворено среде „Елисејските полиња“

91

На прочуената париска авенија „Елисејски полиња“ вчера вечер првпат е подигнато кино на отворено, а на спектакуларниот екран од 180 квадратни метри прикажан беше филмот „Посетители”, во присуство на еден од главните актери – Жан Рено.

Стотина метри пред Триумфалната порта, е поставен екран во ЛЕД технологија, со висока резолуција, тежок шест тони, па авенијата е затворена за сообраќај. Иницијативата е на Националниот кино центар (ЦНЦ) и Одборот за Елисејските полиња, по повод Празникот на киното којшто се одбележува од 1 до 4 јули.

На синоќешната проекција присуствуваа 1.700 луѓе кои со жрепка беа избрани од вкупно 16.000 кандидати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...