Од хотелска соба во Валенсија, Шпанија во која престојувал светски познатиот рапер Деди Јенки биле украдени скапоцености во вредност од дури 2 милиони евра, објавија светските медиуми, а информацијата ја потврдил и тимот на порториканскиот музичар.
Кражбата ја извршил непознат сторител кој, додека 41-годишниот Деди Јенки бил надвор од хотелот, се претставил како пејачот и добил пристап до неговата соба. Од сеф во собата биле украдени златни ѓердани, дијаманти и друг скап накит.
– Пејачот не бил во хотелот за време на кражбата. Нема да даваме повеќе соопштенија за случајов, за да не сметаме во истрагата – напишале од тимот на Јенки на Твитер, додека раперот лично не го коментирал инцидентот.
Раперот Деди Јенки е најпознат по огромниот хит „Деспасито“ што го напиша и отпеа заедно со Луис Фонси.
ФОТО: Инстаграм