Министерството за одбрана денеска објави јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.
Рокот за пријавување е 15 дена, а подетални информации за јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството www.mod.gov.mk.
– Ги повикуваме сите млади и мотивирани граѓани на нашата татковина, кои ги исполнуваат условите наведени во јавниот оглас, да се пријават и да станат дел од Армијата на Република Северна Македонија, која наскоро ќе биде и Армија на НАТО. Војничката професија нуди исклучителни можности за напредување, за личен развој и за напредување во кариерата – велат од Министерството за одбрана.