Пронаоѓањето на смирувачки, природен третман за егзема, може да го промени животот на оние кои страдаат од оваа фрустрирачка состојба. Егземата најчесто се јавува кај многу малите деца, а истражувањата покажуваат дека 65 отсто случаи се јавуваат пред детето да наполни една година, а 90 отсто од оние кои се погодени ги имаат своите први случаи пред да наполнат пет години.
Понатамошна загриженост е дека егземата кај децата станува сè почеста. Болестите на егземата може да наликуваат на псоријазата и дерматитисот, но се поинаква состојба.
Следната листа ги содржи производите кои обично го влошуваат пламенот на егземата, но напоменуваме дека сите се различни, а некои луѓе може да ги консумираат без никаков проблем.
– Риба
– Јаткасти плодови
– Школки
– Соја
– Млечни производи
– Јајца
– Домати
– Портокали
– Грозје
– Преработена храна (вклучувајќи ги колбасите и сланината),
Корисно е да се води дневник на намирници за да ги воочите промените. Не заборавајте на тоа да ја додадете и облеката која ја носите, стресот, парфемите и сапуните за да ги индентификувате ризичните фактори. Можете да направите и кожен тест кај својот алерголог.