Ракот на простатата е еден од најчестите облици на рак кај мажите. Иако е невозможно да се избегне развојот на оваа подмолна болест, здравата исхрана може да го намали ризикот од нејзиното настанување.
Магазинот „Men’s Health“ направил список од пет намирници со помош на кои можете да се борите против ракот, да го одржувате своето сексуалното здравје и, истовремено, добро да се храните.
Куркума
Овој зачин со жолта боја содржи куркумин, соединение кое може да има антивоспалителни својства. Неодамнешното истражување спроведено во Јапонија потврдилo дека куркуминот го намалува ширењето на клетките на рак на простата. Со куркумата можете да ги зачинете компирите или тиквичките, како и да го додадете во оризот.
Лубеница
На секои два милиграми ликопен, кои луѓето секојдневно го консумирале, дошло до намалување на ризикот од развој на простата за еден отсто, покажало истражувањето спроведено на универзитетот Илионис. Можеби не ви се чини многу, но околу 100 грама лубеница содржи четири до пет грама ликопен.
Артичока
Во артичоката се наоѓа ферулинска киселина за која се смета дека може да го забави растот на клетките на ракот на простата. Новата италијанска студија утврдила дека исхраната богата со ферулинска и кофеинска киселина може да го намали ризикот од развој на ракот на простатата.
Сардина
Оваа риба е богата со омега-3 масни киселини кои можат да го подобрат здравјето на простатата, вели д-р Дејвид А. Леви.
Морков
Каротенот е одговорен за добриот вид, но и за здравата простата. Кај мажите кои, во рамките на едно виетнамско истражување, јаделе повеќе моркови, утврдено е дека имале 65 отсто помала веројатност да развијат рак на простата.
Зошто? Каротенот во морковот бил подостапен отколку во другите производи, поради што организмот поспособно ги апсорбирал хранливите материи.