Овен Вилсон не сака да ја види новородената ќерка

818

Овен Вилсон не сака да ја види новородената ќерка, ниту пак, да има каков било контакт со неа во иднина, пишува „Ју-ес Магазин“.

Познатиот холивудски заводник не остана во врска ниту со мајките на претходните негови два сина, но ги прифати татковските обврски и редовно ги посетува. Сепак, според неименуван извор близок до актерот, со малата Лајла која е родена минатиот месец, тоа не е случај, па тој и на суд потпишал дека одбива старателство над неа.

Актерот не сака да ги коментира овие наводи, оти „тоа се приватни работи“.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...