Ова се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

351

Министерството за култура ги соопшти добитниците на  државната награда „Св.Климент Охридски” во 2019 година – највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес.

Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на албанологот, проф. д-р Агим Пољоска, во областа на културата и уметноста наградени се писателот Димитар Башевски, првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова и естрадната уметница Виолета Томовска. Пулмологот алерголог проф. д-р Дејан Докиќ ќе ја добие оваа награда во областа на здравството.

Одлуката ја донесе Одборот за државната награда „Св. Климент Охридски” со кој претседаваше академик Влада Урошевиќ.  Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски напладне во свечената сала на Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...