Најновиот ангел од редовите на „Викторијас Сикрет“ е Барбара Палвин.
25-годишната Унгарка веќе и претходно настапуваше за модните ревии на познатата куќа, рамо до рамо со Адријана Лима, Бехати Принслу, Кендис Свонпул, Алесандра Амбросио и останатите убавици.
Таа доаѓа како замена за Адриjана Лима која за последен пат настапи за брендот во ноември 2018 година.
Атрактивната Барбара ја објавила веста на својот Инстаграм-профил, нагласувајќи дека е „горда што ја претставува Унгарија“.
Секако нема да биде лесно да се замени Адријана, најпопуларната манекенка на „Викторијас сикрет“, но и прекрасната Барбара има свои адути.