Оваа храна ќе ви го избрише салото од стомакот

Во борба со килограмите на храната не треба да се гледа како на непријател затоа што многу намирници се богати со добри масти кои го поттикнуваат слабеењето и го поткрепуваат здравјето

1335

Омега-3 масните киселини од рибата и конјугираната масна киселина од млечните производи и месото се најдобрите состојки за губење на масните наслаги, велат нутриционистите.

Рибино масло за горење на калориите

Рибиното масло и CLA (конјугирана линолна киселина), стимулираат горење на калориите такашто ја зголемуваат активноста на раздвојување на протеинските гени. Поедноставно кажанораздвојувањето на протеините води до горење на вишокот калории со подигање на телесната температураЗатоа, „здравите“ масти не ве дебелеат туку ве поттикнуваат на губење на килограмите.

Рибино масло и CLA можеме да добиеме од рибата, месото од диви пердувести животни, месо од животни од пасиштата и од сите млечни производи. Нутриционистите советуваат и меѓуоброците да ги збогатите со рибино масло секогаш кога е тоа возможно. Помеѓу супернамирниците кои ќе ви помогнат да го изгубите вишокот на килограми се наоѓа и маслиновото масло. Ова масло го продолжува чувството на ситост. Постојат претпоставки дека маслиновото масло и лимонот заедно помагаат во борбата со килограмите, но оваа комбинација најчесто се препорачува во случаи на замастен црн дроб.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabay

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...