Тврдината Цар Александар Први, како и самиот остров кој настанал „среде недојдија“ биле вистинско изненадување за шведските морепловци.
Од пристаништето во Кронштат испловил првиот руски пароброд, првиот мразокршач на светот и првиот руски морепловец кој го опловил светот, Иван Крузенштерн, поради што градот и се нарекува колевка на Руската воена морнарица.
Повеќето од жителите биле морнари и војници кои често се простувале од својот дом за да запловат во уште неоткриените води на возбудливи експедиции.
Во време на советската криза кога продавниците во големите градови биле празни, полиците во Кронштат нуделе сè што му било потревно на населението. Сепак, од него било тешко да се замине, токму како и да се дојде. Таму се развивале и тестирале нови оружја, а се извршувале и воени и медицински експерименти. Бројни стручњаци биле доведувани спротивно на нивната волја, а некои од нив се обидувале и да избегаат.
Тоа не им успевало, како поради чуварите кои ги држеле на око или на нишан, како поради водената, односно, ледена изолација. Денес Котлин со копното е поврзан со сообраќајница, како и со тунел под Финскиот залив, но порано од тој остров можело да се замине исклучиво по морски пат.
Научниците во Кронштат успеале да направат вакцина против чума и така да спасат илјадници животи. Експериментите ги правеле на животни, кои потоа ги палеле. Многубројни истражувања се спроведувале во потполна тајност, како на пример, радијацијата на која биле подложени животните, за кои сведочеле тогашните жители на Котлин.