Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ го објави и официјалниот трејлер на македонскиот претставник за Златна мечка на 60-тото издание на Берлинале.
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска има закажано 8 проекции, а билетите се веќе распродадени.
Овој филм се снимал шест недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018 година. Монтажата се одвивала во Белгија, а звукот, лабараторијата и музиката во Белгија, Франција и Словенија.