Министерството за здравство објави тендери за градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и за набавка на болнички кревети и ТВ приемници за потребите на 34 здравствени установи во земјава.
Како што соопшти денеска Министерството за здравство, планирано е комплетно да се молерисаат сите внатрешни простори со материјали и бои кои се користат за ентериери во болници и други јавни простории и истите овозможуваат соодветно одржување и чистење; да се поправат и репарираат внатрешни врати и прозорци и да се заменат ѕидните и подните плочки и галанетрија во тоалети.
За подобрување на условите во кои се даваат примарните здравствени услуги Министерство за здравство објави оглас за набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби.
Со реновирањето на здравствените установи низ целата држава, на медицинскиот персонал ќе им овозможиме подобри услови за работа, но и подобри и подостоинствени услови на пациентите за престој во болница.