Објавен повик за мерката за вработување „Гаранција за млади“

Мерката е отворена за сите млади на возраст до 29 години кои се невработени и веќе го завршиле своето образование (средно училиште или факултет).

135

Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување и Националниот младински совет објавија повик за изразување интерес за учество во проектот „Гаранција за млади“.

Станува збор за активна мерка за вработување на млади лица која се спроведува во државите од Европската Унија од 2012 година.

Македонија ја имплементира оваа програма во пилот фаза која започнува во 2018 година. Гаранцијата за млади им гарантира на младите лица дека во период од четири месеци како тие ќе се пријават во Агенцијата за вработување кариерните советници ќе ги упатат во некоја од мерките што ги нуди „Гаранција за млади“.

Во пилот фазата за имплементација на програмата се вклучени општините од Скопје, општина Струмица и општина Гостивар.

Мерката е отворена за сите млади на возраст до 29 години кои се невработени и веќе го завршиле своето образование (средно училиште или факултет).

Во секоја од општините (Град Скопје, Струмица и Гостивар) кои се вклучени во имплементација се ангажирани по двајца теренски работници кои имаат основна задача да им ја претстават Гаранцијата за млади на младите лица и да им го помогнат процесот да пристапат до Агенцијата за вработување.

Кариерните советници од Агенцијата за вработување, врз основа на искуството на младите лица кои ќе се пријават, заедно со нив ќе ја изберат онаа мерка која е најсоодветна за нив.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...