Објавен идентитетот на осомничениот напаѓач од Лондон

Приведениот маж кој е осомниен дека со автомобил намерно удри во група луѓе пред зградата на британскиот Парламент во Лондон, е 29-годишниот Салих Хатер.

105

Приведениот маж кој е осомниен дека со автомобил намерно удри во група луѓе пред зградата на британскиот Парламент во Лондон, е 29-годишниот Салих Хатер, соопшти денеска неименуван извор од британските безбедносни служби.

Полицијата го приоведе Хатер откако вчера со автомобил прегази 15 велосипедисти и пешаци пред Парламентот во Вестминстер, по што со возилото удри во заштитната ограда околу парламентарната зграда.

– Случајот се уште се третира како тероризами, иако мотивите засега не се познати, соопшти неименуваниот извор – додавајќи дека Хатер бил британски државјанин со сомалиско потекло.

На профилот на Фејсбук на Хатер е посочено дека живее во Бирмингем, дека е шеф на продавница и оти студирал на Суданскиот научно-технолошки универзитет.

Вчерашниот инцидент беше четврти напад со автомобил во Велика Британија во изминативе 18 месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...