На снимката, направена неколку секунди пред нападот, се гледа како темнокос маж, со голем ранец, оди кон црквата. Во моментот кога влегува внатре, снимката нагло запира.
Терористичката група „Исламска држава“ презеде одговорност за нападите на Шри Ланка, во кои загинаа најмалку 320 лица.
Во изјавата лиферувана од новинската агенција Амак, која е поврзана со ИД, се посочува дека цел на нападот биле „христијани и луѓе од држави кои ги бомбардирале териториите на ИД“.
Бројот на загинати во бомбашките напади во Шри Ланка се зголеми на 321, а повеќе од 520 се повредени.
Властите во Шри Ланка досега уапсија 40 лица. УНИЦЕФ соопшти дека меѓу убиените има 45 деца.
CCTV footage has emerged of a suspected suicide bomber entering St Sebastian’s Church in Sri Lanka moments before an explosion.
More on this footage here: https://t.co/1bAcNa0LbH pic.twitter.com/aZgzgooqxI
— Sky News (@SkyNews) April 23, 2019