За само неколку минути преку порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk. може да се
добие образец М1 и М2 од пријава и одјава во задолжително социјално осигурување, соопштија на прес конференција министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорката на агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.
Како што беше речено, покрај обврасците М1М2 електронски можат да се добијат и историјат на работни односи, потврда за евидентирано друго лице кое бара работа, потврда за евидентирано невработено лице, пријава и одјава во задолжително социјално осигурување и пријава за потреба од работник.
– Ќе настојуваме во иднина да се овозможат и други услуги да се добиваат
електронски. Прво би сакале на работодавачите да им овозможиме подигнување на списоци на вработените лица кои што тие ги имаат во нивните фирми, како и издавање на потврди за нивните вработени. Исто така, работиме на тоа целосната реализација на активните мерки за вработување да се одвива електорнски. На овој начин ќе ја зголемиме и транспарентноста и довербата во процесот на поднесување на барања и вршењето на селекција – рече Јовановска.
Манчевски, пак, рече дека на порталот можат да се добијат информации за 744 услуги со сите податоци околу постапката за нивно издавање, потребните документи, време за издавање и процедура за жалба доколку има некаков проблем. На овој начин повеќе граѓаните нема да се соочуваат со ситуации каде повеќе различни институции, кажуваат различни информации за тоа што се е потребно да се добие една услуга.
Според министерот Манќевски, Агенцијата за вработување е една од институците која е најнапредна во делот на нудење електроонски услуги кон граѓаните и кон фирмите.
-Сега било кој граѓанин може да добие конкретни документи и услуги од Агенцијата за кои претходно беше потребно да се оди на шалтер и да се чека. Пристапот до нив сега е лесен и во рок од една минута може да се добијат по електронски пат. Услугата сега за сега е достапна само на македонски јазик, но наскро ќе може да се кроистат и другите службени јазици – рече Манчевски.
Тој појасни дека порталот можат да се добијат информации за 744 услуги со сите податоци околу постапката за нивно издавање, потребните документи, време за издавање и процедура за жалба доколку има некаков проблем. На овој начин повеќе граѓаните нема да се соочуваат со ситуации каде повеќе различни институции, кажуваат различни информации за тоа што се е потребно да се добие една услуга.