Обрадовиќ ги обвинува Вучиќ и Ѓукановиќ дека режираат инциденти

118

Лидерот на српското Движење Двери, Бошко Обрадовиќ, смета дека претседателите на Србија и на Црна Гора Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ „режираат“ инциденти во Црна Гора за да го свртат вниманието на јавноста и да го скршат отпорот на народот и на Српската православна црква против законот за вероисповест.

Обрадовиќ оцени дека Вучиќ стравува дека „случувањето народ“ од Црна Гора може да се пренесе и во Србија, кога луѓето овде ќе сфатат дека Ѓукановиќ и Вучиќ цело време работат заедно и оти „Мило за сите свои политички активности има поддршка од претседателот на Србија“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...