ОБНОВЕНО Деветмина загинати при пожар во центар за бездомни жени во Багдад
loading...
Девет лица загинаа, а 22 други се повредени денеска при пожар во центар за згрижување на бездомни жени во ирачкиот главен град Багдад, соопшти полицијата.
Како што јави ДПА, пожарот избувнал за време на тепачка во државниот центар што се наоѓа во северната багдадска населба Адхамија.
Причините за пожарот, кој набрзо бил совладан, засега не се познати.
– Започната е истрага за расчистување на случајот и за утврдување на причините за пожарот, изјави претставник на ирачката полиција.
Според полициски извори, кои побарале анонимност, две од жртвите починале од убодни рани од нож, што ги здобиле за време на тепачка која започнала во кујната на објектот, додека останатите седум загинати ги загубиле животите при пожарот.
Пожарот, што избувнал во кујната, набрзо се проширил на целиот двокатен објект.