Милосав Радисављевиќ, дедото на сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, е пронајден врзан за метална конструкција во близина на неговата куќа во местото Љиг, Србија.
Тој немал видливи повреди, а на полицијата и изјавил дека двајца маскирани разбојници влегле во неговата куќа и украле од неговиот новчаник 26.000 динари и мобилен телефон.
Претседателот на општината Љиг, Драган Лазаревиќ, го потврди случајот и наведе дека станува збор за обид за киднапирање.
– Контактиравме со неговата ќерка, тештата на Новак, која се наоѓа во Монте Карло и која не информираше дека нејзниот брат добил неколку пораки со барање за откуп во износ од два милиони евра, истакна Лазаревиќ.
За случајот се огласи и службата за односи со јавноста на Новак Ѓоковиќ, од каде соопштија дека „семејството е во шок поради настаните кои се случија“.