Обезбеден пристап на компаниите до 17 илјади инвеститори

Македонија преку Македонска берза е прва земја од регионот на Западен Балкан, која ќе има пристап до интернет платформата Фандербим, за финансирање која функционира преку принципот на креирање кампањи за собирање средства, таканаречени – краудфандинг.

109

Концептот на прибирање пари од поголем број инвеститори за финансирање на компаниите (краудфандинг) кој за македонските компании е достапен преку Македонска берза денеска беше претставен на компаниите членки на Сојузот на стопански комори. На презентацијата беше потпишан i меморандум за соработка меѓу Берзата и Сојузот.

Платформата, како што беше речено на презентацијата, овозможува поврзување со 200.000 приватни компании и 17.000 инвеститори.

–  Преку оваа платформа македонските стартапи, но и малите и средни претпријатија, добиваат можност за пазарно финансирање, локално и глобално, во зависност од нивната иновативност и конкурентност, а домашните инвеститори прилика да вложат во бизнис проекти во кои ќе препознаат добар потенцијал – рече директорот на Македонска берза Иван Штериев.

Габирела Кулебанова, потпретседател на Сојузот рече дека е потребно подигање на свеста кај компаниите за различните модели на финансирање.

– Токму затоа, Сојузот на комори сака да ги направи подостапни сите можности кои се нудат за влез на средства во домашните компании, со долгорочна цел – градење на силен национален приватен сектор. Неопходно е нашата земја да биде во чекор со глобалните финансиски текови и средствата кои се вложуваат во компаниите и во нивниот развој да бидат достапни и за македонските компании – рече Кулебанова.

Интернет платформата Фандербим функционира преку принципот на креирање кампањи за собирање средства, таканаречени – краудфандинг.

Македонија преку Македонска берза е прва земја од регионот на Западен Балкан, која ќе има пристап до интернет платформата Фандербим, за финансирање која функционира преку принципот на креирање кампањи за собирање средства, таканаречени – краудфандинг.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...