Обдукциите не откриле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат како ди-џеј Авичи, не покажале ништо сомнително во врска со неговата смрт, јавува шведската телевизија СВТ.

308

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат како ди-џеј Авичи, не покажале ништо сомнително во врска со неговата смрт, јавува шведската телевизија СВТ, повикувајќи се на неименуван извор.

Берглинг почина во петокот, во Мускат, главниот град на Оман. Локалната полиција изврши две обдукции, а изворот тврди дека убиство како причина за смртта, е исклучено.

Подготовките за преместувањето на посмртните останки на ди-џејот во неговата родна Шведска се при самиот крај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...