Обвинителство за тешки кривични дела во Тирана ја запре истрагата за кривичната пријава што опозицијата ја поднесе против актуелниот премиер Еди Рама.
Одлуката на Обвинителството доцна попладнево ја објави Петрит Васили, координатор на пратеничката група на Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ) и партиски потпретседател.
– Обвинителството конечно му се предаде на криминалот и го затвори случајот на Еди Рама. Обвинителството со сѐ глава и нозе се предаде на криминалот. Обвинителство кое ги покрива доказите за аудиоприслушувањата за Агрон Џафај, а го повикува на испитување лидерот на ДП Љуљзим Баша и новинари. Денешната одлука е потврда дека Обвинителството се предаде. Граѓани реформата во правосудството е затвор за Вас а покрива секаков зулум на Еди Рама.Срам! Срам! Срам !, напиша Васили на Фејсбук.
Опозицијата кривичната пријава против Еди Рама ја поднесена на почетокот на месец јули годинава а истата во обвинителството ја доставија Петрит Васили и координаторот на пратеничка група на опозициските демократи Едмонд Спахо.
Се однесуваше на „прикривање на вистина“ во случајот со прислушуваните разговори на Агрон Џафај, брат на актуелениот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај, кој во Италија е осомничен за трговија со дрога.