Обвинети припадници на сириската тајна служба за злосторства против човештвото

Според обвинението на Главното државно обвинителство во Карлсруе, кое ги презема случаите поврзани со меѓународниот тероризам, Анвар Р.  раководел со истражно одделение внатре во сириската тајна служба, која по 2011 година со „брутално насилство“ вршеше притисок врз критичарите на режимот и припадниците на опозицијата.

77

Главното државно обвинителство во германскиот град Карлсруе денеска подигна обвиненија против два сириски државјани, поранешни разузнавачи, кои се под сомнение дека како припадници на тајната служба на режимот на Башар ал Асад учествувале во мачење на противниците на режимот.

Според обвинението Анвар Р. И Ејад А. се обвинети за учество во злосторство против човештвото, а Анвар Р. е обвинет и за силување.

Според обвинението на Главното државно обвинителство во Карлсруе, кое ги презема случаите поврзани со меѓународниот тероризам, Анвар Р.  раководел со истражно одделение внатре во сириската тајна служба, која по 2011 година со „брутално насилство“ вршеше притисок врз критичарите на режимот и припадниците на опозицијата.

Анвар Р. според обвинението е одговорен за брутално мачење на најмалку 4.000 лица, од кои најмалку 58 затвореници починале од тортурата.

Ејад А. според обвинението исто така учествувал во мачење на затворениците и во затвор испратил најмалку 30 противници на режимот на Башар ал Асад.

Анвар Р. во Германија пристигнал пред големиот бегалски бран во 2015 година, а Ејад А. во 2018 година, а уапсени се во февруари во Берлин.

Тоа ќе биде првпат пред суд во Германија да се појават сириски државјани на кои ќе им се суди за извршени злосторства во сириските затвори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...