Обвинета 50-годишничка за секс со малолетничка, додека ѝ предавала в црква во САД

288
ФОТО: Фејсбук / Метро

Педесетгодишната Алиса Ендрус, сопруга и мајка, наводно сексуално злоставувала 17-годишничка додека ѝ предавала биологија в црква во САД, пренесува „Метро“.

Таа е уапсена во вторникот, а немилиот настан е пријавен од пастор кој работел в црквата. Пасторот дознал за случајот од родител.

Тинејџерката потврдила дека имала сексуална врска со Ендрус. Таа заедно со обвинетата поминувала време и во театар во која главна била Ендрус.

На Фејсбук, Ендрус постојано објавува фотографии од продукцијата на Роки Хорор Шоу, како и позирајќи со сопругот и децата.

– Мојата приказна е полна со скршени парчиња, лоши избори и грди вистини. Исто така е полна со ново враќање, мир во душата и сила што ми го спаси животот – напишала Ендрус.

Во Арканзас може да се има секс на 16 години, но возрасни лица на позиција со авторитет на постари деца, исто така може да се соочат со обвиненија за сексуални врски со нив.

ФОТО: Фејсбук / Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...